еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Слаб интерес на македонските фирми за заштита на трговските марки со Македонија/македонско

Од октомври до денеска се заштитени пет трговски марки со кратенката МК, една трговска марка со МАК, три со Macedonia и една со придавката македонско, велат за еМагазин од Заводот за индустриска сопственост.

По потпишувањето на Договорот од Преспа (јуни), со кој во следниве три-четири години ќе се регулираат и прашањата за имињата и термини за комерцијална намена, трговски марки и сл., кои ги содржат зборовите Македонија, придавката македонска/македонско/македонски и сл., во јули имало 79 регистрирани трговски марки (правни и физички лица) кои го содржат зборот Македонија и 77 трговски марки кои ја содржат англиската верзија на името: Macedonia, велат од Заводот.

Кратенката МК ја има кај 79 трговски марки, кратенката МАК во 35 трговски марки, а придавката македонски ја има кај 12 регистрирани трговски марки.

Што предвидува Договорот од Преспа?

Прашањето за употребата на имињата и термините за комерцијална намена, трговски марки и сл. ќе го регулира меѓународна група на експерти, која треба да биде формирана годинава.

“Во врска со погоренаведеното име и термини во имиња за комерцијална намена, трговски марки и заштитни знаци, Страните се согласуваат да им дадат поддршка и да ги охрабрат своите деловни заедници да воспостават искрен, структуиран и во добра волја дијалог, во чии рамки ќе бараат и ќе постигнуваат заемно прифатливи решенија за прашањата кои произлегуваат од имињата за комерцијална намена, трговските марки и заштитни знаци и за сите релевантни прашања, на билатерално и на меѓународно ниво.

За спроведување на претходно наведените одредби, ќе се формира меѓународна група на експерти, која ќе ја сочинуваат претставници на двете држави, а во контекст на Европската Унија и со соодветен придонес на Обединетите нации и ИСО.

Оваа Група на експерти ќе се формира во текот на 2019 година и ќе ја заврши својата работа во рок од три години. Ниту една одредба од член 1, став 3 (ж) нема да влијае на сегашната комерцијална употреба сè додека не се постигне заемна согласност, како што е предвидено во оваа алинеја„, стои во Договорот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грчките бизнисмени во трка да ги заштитат имињата и брендовите со „Македонија”

Ќе замине ли знамето од Вергина (Кутлеш) во историјата? Што предвидува Договорот од Преспа

Скопје ќе биде „преплавено„ со „грчки“ споменици: Следи имплементација на Договорот од Преспа

Кои ќе бидат новите имиња на АРМ, МАНУ, ЕЛЕМ, МОБ…, кои треба да бидат во духот на Договорот од Преспа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новото ограничување на работното време ќе придонесе за масовно напуштање на работните места, порачуваат угостителите

Редакција

Мојсоска Блажевски: Самит Македонија 2025 и годинава ќе опфати теми важни за нашата иднина, подобро деловно опкружување и поквалитетен живот на граѓаните

Силвана Жежова

Најчевска: Преименувањето во “северномакедонци“ е прекршување на меѓународното право, отсуството на реакција е неприфатливо

Редакција