Гордана Јанкулоска е жртва на неправдите и политичкиот прогон на мафијата на Зоран Заев, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по спроведувањето на поранешната министерка за внатрешни работи во затвор, за одлежување на казна од четири години.
„Јанкулоска оди во затвор за автомобил кој го вози и користи Зоран Заев и неговата мафија и во исто време кога истата таа власт троши над 8 милиони евра за купување на нови службени возила. Јанкулоска е жртва на неправдите на Заев и нејзиното одење во затвор е политичка пресметка и нарачка на мафијашот Заев со опозицијата.
Додека власта се осветува кон мајка, сопруга и професионалец кој со години и служел на државата се уште нема ниту збор за тоа каде завршувале парите од рекетот на Зоран Заев, имаме амнестија на очигледен поткуп на Заев, евро за Вицето евро за црквата, имаме целосен молк за поткупот на екс директорот на ФЗО Ден Дончев, обвинителството молчи за панамските пари и зделките со Заев за 2.000 стана во Тетово, се молчи за измамата на штедачи на Еуростандард банка и редица други скандали кои се случуваат на дневно ниво.
Забавата на Заев со човечки судбини нанесува зло и штета на државата. Денес треба да се збори за Јанкулоска во состојба кога имаме 40 илјади невработени на улица или кога имаме колапс на образовниот систем. Заев има потреба да се плаши единствено од правдата која ќе го стигне по падот на мафијата на власт,“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јанкулоска спроведена во затворот Идризово, каде што треба да лежи четири години