еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ВМРО-ДПМНЕ бара бројот на пратеници од 120 да се намали на 90

ВМРО-ДПМНЕ предлага намалување на бројот на пратеници во македонското Собрание од 120 на 90, информираат од партијата.

“120 пратеници во Собранието е преголем, затоа е потребно да се намали на 90 за функционална демократија и намалување на финансиските трошоци, пари на граѓаните.

Ваков пример на Собрание од 90 пратеници има во Република Словенија.

За бројот колку што ќе се намали македонското Собрание, 30 пратеници, граѓаните месечно плаќаат по 51.000 евра по основ на плати и придонеси, а 612 илјади евра годишно.

Ако се земе предвид дека на народните претставници им се исплаќа и за патни трошоци државата годишно инкасира скоро еден милион евра.

За еден милион евра, заштедени годишно државата може да набави над 15 амбулантни возила и 10 противпожарни возила за граѓаните.

За овој предлог, како и за предлогот за една изборна единица ги повикуваме сите политички партии на дебата, како и за консултации за поддршка за овие предлози“, велат од партијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Димакс рудници“ го доби тендерот на ЈП за одржување на патишта за набавка на индустриска сол вреден 6,9 милиони евра

Редакција

Нови 159 заболени од корона вирусот од 2.018 тестирања, најмногу во Скопје и Куманово

Редакција

За еден ден група на Фејсбук која повикува на бојкот на маркетите има над 600 членови

Редакција