еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Имаме сведоштва дека државната статистика лажно го подобрува економскиот биланс

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска со реакција за најавата за тужба за партијата и нејзиниот лидер, Христијан Мицкоски од страна на Државниот завод за статистика.

“До ВМРО-ДПМНЕ постојано пристигнуваат индиции за злоупотреба на статистиката заради потребите на власта во заминување. Постојат сведочења за пиши-бриши економски показатели кои излегуваат од државната статистика, а по нарачка на власта за лажно подобрување на економскиот биланс.

Државната статистика наместо одговори, се заканува со тужби, бидејќи беше објавено дека до ВМРО-ДПМНЕ стигнуваат сведоштва од вработени, актуелни и поранешни вработени, за фабрикување и испорака на резултати по теркот на потребите на власта, а со цел да се стекнат со подобри стартни позиции до делот на обезбедување на средства за буџетот, но и за други политики коишто ги води оваа власт во заминување.

Ваквиот чекор, заканите со тужби  од директорот, Апостол Симовски само ги засилува сомнежите во јавноста за недоследности во работењто. Заканите ги зацврснуваат индициите за пиши-бриши економијата во рамките на државниот заводот за статистика, индициите за манипулација со информациите за растот на БДП, индиции за манипулации за процентот на долгот на државата, што предизвикува лажна слика за граѓаните, но и за меѓународните финансиски институции.

Заедно уште еднаш оттука ќе го прашам Симовски:

Дали имало вработени кои поднеле оставки заради лажирање и недоследно работење на институцијата?

Дали  се фабрикувани објавени резултати по претходен диктат од Илинденска бр.2?

Дали врз основа на таквите објавени резултати лажно се подобруваат стартни позиции на власта за обезбедување на средства за буџетот, како и за други политики на оваа власт во заминување?

Ова се сериозни прашања за макроекономијата,прашања коишто навлегуваат во севкупното економско движење и живеење во Македонија, прашања коишто заслужуваат одговори од директорот на статистика. Но, наместо одговори од него стигнуваат закани со тужби“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пописот се одлага за април 2021, ДЗС ќе ги тужи за клевета Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најнови податоци од ДИК: Пендаровски 322.605, Силјановска-Давкова 318.247, Река 79.725 гласа

Редакција

Во образовните установи во Тетово има 31 лице со Ковид-19

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ предложи 9 итни мерки за надминување на состојбата со коронавирусoт

Редакција