еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ утре повторно на протести со возила во повеќе градови во земјава

ВМРО-ДПМНЕ утре вечер во Скопје и уште шест градови во државава со возила ќе протестира против, како што велат, криминалот, корупцијата, неправдите и прогонот.

Во Скопје протестот ќе започне во 18.30 часот од СЦ Јане Сандански, па се до Владата, а ќе се протестира и во општините Велес, Охрид, Куманово, Прилеп, Штип, Битола.

„Македонија стана земја на криминалци, мафијаши на власт и неправда. Има за врхушката на власт, а нема за народот. Прогонот на политички неистомисленици стана секојдневие од страна на власта, која пак го прикрива стравот од казната која им следи од народот“, истакнуваат од опозицијата.

Според нив, криминалот и корупцијата на власта се сериозни проблеми со кои се соочува државата и ги повикуваат граѓаните да се приклучат на протестотот.

Фото:Фејсбук/Мицкоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одреден 30 дневен притвор за Сашо Мијалков

Редакција

МВР и Пошта ќе соработуваат за побрза и поефикасна испорака на лични документи

Редакција

Кои се најчестите симптоми кај заболените со Ковид-19 во Македонија

Редакција