еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев да го надмине стравот и да прифати ТВ дуел

Зоран Заев мора да го надмине стравот и да престане да бега од дебата, која е основно демократско средство во политиката. Оваа дебата не е само за собирање на политички поени и надмудрување помеѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, туку станува збор за дебата на која што ќе се разговара за суштински прашања кои задираат во идентитетот на државата и треба да му помогнат на народот да одлучи во каква Македонија сака да живее, велат во реакцијата на изјавата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, дека ќе прифати ТВ дуел со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кога тој ќе каже дека е против бојкот на референдумот.

“Не му е тешко на Заев да застане на некој митинг на кој што ќе глуми дека бара камшици, а партиските функционери ќе му аплаудираат бидејќи им дели тендери и криминални иновации. На Заев не му е тешко на митинг да лаже 30-тина активисти на СДСМ дека здравството било бесплатно во Германија или дека ќе има подобри вакцини за нивните деца ако го поддржат во промената на името на државата, бидејќи тие очекуваат работа и милостина од него, за да можат да преживеат.

Заев знае дека е многу потешко кога ќе се соочи со виситината за неговата капитулација и кога ќе му бидат предочени сите аргументи за злото што и го нанесува на државата.

Затоа Зоран Заев се плаши од дебата. Тој е свесен за економскиот пустош и антидржавните политики кои ги спроведе.

Заев бега од одговори, бидејќи не може  да го оправда губењето на идентитетот, историјата, културата и традицијата на Република Македонија.

Тоа е причината заради која Заев ги потценува граѓаните и смета дека тие немаат право сами да одлучат.

Капитулантското дело кое го потпиша Зоран Заев е без оправдување и на директна штета на Република Македонија, токму затоа Заев бега од дебата, бидејќи не може да ја оправда штетата што и ја причини на државта.

Заев трајно ги наруши преговарачките позиција на Република Македонија, кои беа градени од страна на сите влади од независноста до сега.

Оваа влада покрај лошите меѓународни политики и нанесе и тешки удари на економијата. Повеќе од година ипол економијата тоне, граѓаните се се посиромашни, а иселувањето кое најавуваа дека ќе го запрат, не само што не го запреа, туку и го забрзаа. Граѓаните разочарани од лошите политики не гледаат перспектива во Република Македонија под власт на Заев.

Заев наместо да бега од дебати и соочување со што сака да ја сокрие својата неспособност и штетност треба да  си даде оставка пред штетите што ќе и ги нанесе на државата да биде ненадоместливи“, велат од партијата.

СДСМ: Мицкоски да се охрабри, да покаже одговорност и да каже дека е против бојкот на референдумот

На соопштението на ВМРО-ДПМНЕ реагираа од СДСМ:

“На помалку од 20 дена од референдумот ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски немаат јасен став дали се против бојкот на македонската иднина.

Треба да му се помогне на Мицкоски.

Секој кој ја сака Македонија треба да му помогне на Мицкоски, да го повика да се охрабри и исправено да каже дека е против бојкот на македонската иднина.

Само така, со јасен и цврст став Мицкоски би можел да оди на дебата. За дебата се потребни ставови.

Несериозно и неодговорно е се друго.

Овие историски моменти пред коишто е исправена Република Македонија се повик за одговорност на сите политички чинители, да ја поддржат иднината на нашата татковина во ЕУ и НАТО.

Гласот за европска Македонија е глас за иднината, за здружување со најсилните сојузи во светот.

Има време Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ да се охрабрат и да ја поддржат иднината на Македонија во европското семејство“, велат од СДСМ.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Српска „Политика“: Груевски со лажен пасош побегнал преку Албанија, со „Малев“ од Тирана летал до Будимпешта

Редакција

Вкупно 1.004: Починаа уште 10 лица од Ковид-19

Редакција

Лекарска комора го осуди однесувањето на докторите од охридската болница кои не и пружија помош на стружанката со корона вирусот

Редакција