Кумулативниот леталитет од Ковид-19, од почетокот на болеста до денес, е три отсто, соопшти денеска претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски.
Како што рече Петличковски одговорајќи на новинарски прашања по редовната седница на Комисијата, во јануари починале 382 лица од кои 233 невакцинирани и околу 150 вакцинирани, но повеќето само со втора доза примена пред повеќе од шест месеци.
-Според бројките од 1 до 31 јануари, од 382 починати, 233 се невакцинирани, а околу 150 и нешто се вакцинирани, но најголем дел од вакцинираните се вакцинирани пред повеќе од шест месеци и немаат примено трета доза.
Околу 30-тина, пак, биле вакцинирани во рок помал од шест месеци, информира Петличковски.
Тој претходно, на прес-конференцијата, истакна дека епидемиолошката состојба во земјава е подобрена, но се уште не може да се каже и дека е добра. Посочи дека е зголемен бројот на нови случаи меѓу децата од шест до 14 години и уште еднаш апелира до граѓаните да примат трета доза вакцина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Минатата недела најголем раст на заболени од Ковид-19 има кај лицата од 10 до 19 години
МИА/Фото: МЗ