еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

Во Белград се одржа регионален форум за концептот на отпорност на заедницата, во организација на проектот ЕУ ТАКСО 3

ЕУ ТАКСО 3 организираше регионален форум за отпорност на заедницата во октомври годинава во хибридна форма во Белград, Србија.

На форумот учествуваа повеќе од 100 претставници од млади и зрели граѓански организации од регионот на Западен Балкан и Турција, од кои 26 во улога на учесници со придонес за најдобра практика и 12 панелисти.

Настанот се состоеше од три главни сесии, шест паралелни сесии и две активности на форумски сесии, секоја фокусирана на посебно прашање.

Форумот беше организиран за да ја олесни размената, учењето и дискусијата меѓу организациите со цел да можат колективно да размислуваат за начинот на активизам, и како да бидат отпорни, особено во специфички околности.

За време на овие предизвикувачки времиња на глобална пандемија, граѓанските организации беа во првите редови, први на терен во време на криза, истрајувајќи, развивајќи отпор, минимизирајќи ги негативните ефекти, и промовирајќи надеж и нови начини на ангажирање.

Настанот, исто така, послужи за враќање на ентузијазмот и стратешката ориентација во возобновување на довербата и зајакнувањето на односите со клучните конституенти. Форумот обезбеди платформа за дискусија и планирање на активности за сите засегнати страни во граѓанското општество.

Во воведните сесии, претставниците на ЕУ ТАКСО 3, ГД НЕАР и Делегацијата на ЕУ во Србија, како и претставниците на локалните граѓански организации и оние од ЕУ, ја истакнаа важноста за поврзување со конституентите, како средство за отпорност во турбулентни времиња.

Беше истакнато како ЕУ финансиски ги поддржува малите граѓански организации преку процесот на регрантирање, познат и како Финансиска поддршка на трети страни (скратено FSTP).

Учесниците разменија мислења за концептот на отпорност врз основа на глобалната рамка за отпорност. Отпорноста се дефинира како способност да се предвидат шоковите и влијанијата од заканите кои доаѓаат од промените и стеснувањата на граѓанскиот простор оти е важно не само да се преживее, туку и да напредува во неизвесна средина. Се реализираа и работилници на кои се дискутираа 7те елементи на отпорност: способност за адаптација, етика на отпорност, свесност за ситуацијата, деловна околина, поврзаност, способност за искажување, легитимност.

Тања Хафнер Адеми, тим лидер на проектот ЕУ ТАКСО 3, истакна дека овој форум обезбедува платформа за размена и учење, како и создавање можности за споделување на знаење за тоа како граѓанските организации можат да одговорат на овие предизвици.

По два динамични дена на размена, инспиративни примери од сите граѓански организации во регионот, неколку клучни пораки остануваат запаметени: за да ја добијат довербата на граѓаните, граѓанските организации треба да бидат автентични, да излезат од нивната комфорна зона и да набљудуваат, да анализираат и да се потрудат да најдат нови начини на активирање. Пoтребно е да ги преиспитаат нивните оперативни стратегии и со тоа да развијат кредибилитет во нивната локална заедница, да се поврзат со останатите, да покажат солидарност и да учат едни од други.

За проектот ТАКСО 3

Техничка помош за организациите на граѓанското општество во Западен Балкан и Турција (ТАКСО) е регионален проект финансиран од Европската Унија (ЕУ) кој ги подобрува капацитетите и ја зајакнува улогата на граѓанските организации (ГО).

Проектот им помага на ГО активно да учествуваат во демократските процеси во регионот, а исто така стимулира поволна средина за граѓанското општество и плуралистички развој на медиумите.

ТАКСО е дел од механизмот на ЕУ за граѓанското општество (CSF) кој обезбедува поддршка на ГО во оние земји кои сè уште не се дел од ЕУ. Граѓанските организации играат важна улога за Европската унија и тие се сметаат за клучни актери во поддршката на процесот на пристапување на нивната земја. Затоа, CSF има за цел да ги зајакне граѓанските организации и да ги натера активно да учествуваат во јавната дебата и да влијаат врз процесите на донесување политики и одлуки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Oдложeно гласањето за Извештајот за Македонија во Европскиот парламент

Редакција

ЕК предлага крај за сезонското поместување на стрелките на часовникот

Редакција

ЕУ ја измени преговарачката рамка за Србија, зошто не и за Македонија?

Редакција