еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Oдложeно гласањето за Извештајот за Македонија во Европскиот парламент

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) го одложи гласањето по Извештајот за напредокот на Македонија на известувачот на ЕП за земјава, бугарскиот европратеник Илхан Ќучук, изработен по извештајот на Европската комисија.

Извештајот за Македонија беше петта точка на денешната седница на АФЕТ.

-Точката број 5 требаше да биде гласање за Извештајот за Северна Македонија. Тоа е одложено, па нема потреба да расправаме за тоа сега, рече на седницата претседателот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер.

Во Извештајот за напредокот за земјава на известувачот на ЕП за земјава, на бугарскиот европратеник Ќучук, изработен по извештајот на ЕК, се поздравува континуираната посветеност на Македонија за интеграција во Унијата, а истовремено се повикува на смиреност, достоинство и зрелост во билатералните односи.

На документот, во кој 2030 година се споменува како датум кога земјата би требало да ги исполни условите за членство во ЕУ, се поднесени 320 амандмани од кои 50-тина се од бугарски европратеници, кои треба да бидат разгледани од членовите Комитетот за надворешни работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Холандска европратеничка бара почитување на македонскиот идентитет, јазик и историја од сите во ЕУ, а што бараат бугарските европратеници: Извештај на ЕП за Македонија

Со своите амандмани, бугарските европратеници се обидуваат во Извештајот да вметнат свои ставови и критики за земјава со оценки за постоење на „говор на омраза“ кон Бугарија и Бугарите, како и за „дискриминација, вознемирување, закани и насилства“ врз припадниците на бугарското малцинство.

Меѓу останатите, со овие амандмани се прави обид да се исфрли делот од извештајот во кој се бара преговарачкиот процес да не се злоупотребува за решавање на билатерални спорови, а наместо тоа да се вметне спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија како услов за прием на земјава во ЕУ.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи, вчера, во интервју за ТВ 24, во однос на денешната презентација на Извештајот за Македонија од известувачот Ќучук и поднесените 320 амандмани, рече дека се дадени писмени реакции на сите амандмани, како и дека гласањето ќе се одложи.

-Ние сме целосно вклучени, почнувајќи од мојата посета минатиот месец кога ги сретнав европратениците, сите кои се вклучени во резолуцијата. Дадовме писмени реакции на секој од предложените амандмани, разговаравме со сите земји – членки по однос на предлозите.

Според моите информации од денеска, најверојатно ќе се одложи гласањето за некоја недела што остава плус простор, но се разбира пратениците имаат можност да предложат амандмани, рече Османи.

Запрашан да ги коментира наводите на официјална Софија за „спонзориран државен говор на омраза“ Османи рече дека во Македонија такво нешто нема и дека доколку некој најде доказ тој ќе се извини.

На дневниот ред на денешното заседание на АФЕТ е и гласањето по Извештајот за напредокот на Албанија.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЛДП останува во Владата и дава поддршка на идниот мандатар

Редакција

Ретка видео снимка од депортацијата на македонските Евреи во Треблинка

Редакција

Заврши мандатот на судијката Вангелина Маркудова: Уставен остана со 6 судии од предвидени 9

Редакција