еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Холандска европратеничка бара почитување на македонскиот идентитет, јазик и историја од сите во ЕУ, а што бараат бугарските европратеници: Извештај на ЕП за Македонија

Денеска и утре Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (ЕП) ќе расправа за Извештајот за напредокот на Македонија на известувачот на ЕП за земјава, бугарскиот европратеник Илхан Ќучук, изработен по извештајот на Европската комисија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Куп амандмани од бугарски европратеници против Македонија: Европскиот парламент денеска ќе расправа за Извештајот за земјава

На Предлог-извештајот се поднесени дури 320 амандмани на 161 страница, од кои 50-тина се од бугарски европратеници.

Со своите амандмани, бугарските европратеници се обидуваат во Извештајот да вметнат свои ставови и критики за земјава со оценки за постоење на „говор на омраза“ кон Бугарија и Бугарите, како и за „дискриминација, вознемирување, закани и насилства“ врз припадниците на бугарското малцинство.

Меѓу останатите, со овие амандмани се прави обид да се исфрли делот од извештајот во кој се бара преговарачкиот процес да не се злоупотребува за решавање на билатерални спорови, а наместо тоа да се вметне спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија како услов за прием на земјава во ЕУ.

Со амандманска интервенција се прави обид и во заклучоците да се вметне дека во земјава е нарушена безбедносната состојба со присуство на повратници на Исламската држава и на вехабисти, како и дека има зголемено турско, иранско и кинеско влијание.

Во амандман на хрватска пратеничка се бара еднаков пристап до политичко учество, образование и јавна администрација на припадниците на сите етнички заедници во земјава, а грчки европратеници бараат наместо „взаемна имплементација“ на договорите со Грција и Бугарија да стои „имплементација со добра волја“.

Холандската европратеничка пак предлага амандман со кој се осудува говорот на омраза и заканите што доаѓаат од екстремни бугарски политичари кон земјава, како заканите упатени кон претседателот Стево Пендаровски и ширењето на идеи за Голема Бугарија, кои се оценуваат како спротивно на европските вредности и дека ги нарушуваат добрососедските односи.

Истата европратеничка бара целосно почитување на македонскиот идентитет, јазик и историја од страна на сите земји членки на ЕУ, спорот околу историјата да се решава надвор од преговорите за членство, како и да се повлече поддршката на Европскиот парламент за уставните измени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ако Германија толку многу ги почитува македонскиот јазик, идентитет и култура, што не донесе деклација во Бундестагот за тоа

МИА/еМагазин/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ пет највисоки нето плати во јуни

Редакција

Каков имот пријавил Драган Миновски, директорот на ЕСМ, кој Владата предлага да биде сменет

Редакција

(ВИДЕО) Испишана историја: Приватна компанија прв пат испрати астронаути на НАСА во вселената

Редакција