еМагазин
Image default
Македонија

Во Битола приведени шест лица поради неовластено организирање игри на среќа

Полициски службеници од СВР Битола – ОКП Битола-Отсек за општ криминал во рамките на оперативниот план „Безбедно лето“, вчера по добиена оперативна информација дека на една локација во Битола лицата Е. К. (39) и С. Р. (26) од Битола незаконски организираат игри на среќа што се забранети, извршија претрес во објект на ул „Караорман” во Битола.

При претресите, како што информираа од МВР, затекнати се М. А. (32), Е. Р. (50), Ш. М. (47), А. И. (36) и двајцата организатори, сите од Битола.

Сите шестмина се лишени од слобода, а по документирање на случајот ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело по чл.398 „комар“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наставата од 1 февруари ќе продолжи со физичко присуство

Редакција

Нови 373 случаи на Ковид-19 од 2.345 тестирања, во Скопје 155

Редакција

И Демократскиот сојуз најави дека ќе излезе од Владата доколку биде прифатен „францускиот предлог„

Редакција