еМагазин
Image default
Македонија

Во болниците хоспитализирани 290 возрасни заболени од Ковид-19 и четири деца

Министерство за здравство информира дека на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 45, нема пациенти на механичка вентилација.

„Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, 4 позитивни деца, 3 мајки и 4 деца суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4 нови, вкупно хоспитализирани се 29 пациенти. На респираторна машина е 1 пациент.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип се хоспитализирани 50 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 110 , позитивни и сомнителни на Ковид-19,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови 145 заболени од Ковид-19 од 1.772 тестирања, најмногу во Скопје и Куманово

Убава вест: Оздравени 216 заболени од Ковид-19, најмногу во Скопје, Куманово и Гостивар

Починаа двајца заболени од Ковид-19, вкупно до сега 606

Детален преглед по скопските општини: Се намалува бројот на активни случаи на Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каматите на главниот долг – најголем проблем на граѓаните, и за тоа, најчесто се жалеле на омбудсманот

Редакција

Продолжи судењето за „Титаник“, за незаконско финасирање на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Детален преглед на состојбата по болниците каде се лекуваат пациенти со Ковид-19

Редакција