еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Во Британија личност на годината, во Македонија „сотона“: Кој е Џорџ Сорос?

Британското издание на реномираниот „Фајненшл тајмс“ го прогласи милијардерот  Џорџ Сорос за личност за 2018 година. Од друга страна, голем дел од македонските политичари и воопшто домашната јавност на овој човек гледа како непријател број еден на македонската држава.

Сорос (88) по потекло е Евреин и е еден од највлијателните играчи на меѓународниот финансиски пазар преку неговите инвестициски фондови.

Националистите и поддржувачите на теориите за заговор во Европа и САД го обвинуваат дека со своите хуманитарни активности преку невладините организации ја поддржува нелегалната имиграција.

Сорос е оспоруван и во Македонија пред се од минатата владејчка гарнитура која за многу работи ја обвинуваше неговата фондација.

Инаку, повозрасните македонски граѓани се сеќаваат дека Сорос е еден од првите кои уште во 1993 година и понуди кредит на Македонија во износ од 25 милиони долари за што се расправаше и во Собранието на седница која што ја водеше тогашниот собраниски спикер Стојан Андов.

Детали од собраниската расправа ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска ќе истражува дали директорката Пановска „местела“ тендери во корист на татко и

Редакција

Кривична пријава и суспензија за полицаецот од Битола кој нападна Ром, суспендиран уште еден полицаец

Редакција

(Видео) Несекојдневен настан: Пентагон официјално објави снимки од НЛО

Редакција