еМагазин
Image default
Да помогнеме

Од среда до петок хуманитарна акција во Мош Бар за помош на бегалците од Украина

Велат, големината на човекот се гледа по добрите дела што ги брои зад себе, а вистинското време да се направи добро дело е едноставно – секогаш. Од 25 мај (среда) до 27 мај (петок), во Мош Бар (Mosh) во центарот на Скопје, ќе трае хуманитарна акција за помош на бегалците од Украина, насловена како „Денови на хуманост“.

„Ги повикувам сите пријатели да се вклучат и да помогнат на загрозените украински граѓани, со донирање на облека, храна, производи за хигиена или пак додатоци во исхрана, коишто може да се донесат во Мош Бар.

Деновите на хуманост ќе завршат со хуманитарна забава во Мош во петок, 27 мај 2022 – каде со секоја влезница од симболични 100 денари, ќе можеме заеднички да собереме средства за оние, кои ги изгубиле своите домови и сѐ што имале и создавале во Украина,“ изјави иницијаторот на „Денови на хуманост“, Јован Андоновски.

Овие денови претставуваат реална можност да им се укаже помош на луѓето, кои како бегалци од воените жаришта престојуваат во нашата држава.

Пунктот за донации ќе биде отворен во Мпш (Центар), со почеток од 09 часот наутро, сѐ до 16 часот во текот на овие три дена, а претстојната хуманитарна забава во петок, ќе започне во 21 часот, исто така, во Мош (Центар).

Хуманитарната акција „Денови на хуманост“ е во организација на Јован Андоновски, заменик Народен правобранител и Мош во Скопје, а собраната помош ќе ѝ биде доделена на Амбасадата на Украина во Скопје и распределена на бегалците од Украина во земјата.

За повеќе информации: facebook.com.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отворени се телефонски броеви за донации за лекување на шестгодишниот Марко кој има тумор на мозокот

Редакција

Исчезната е 14-годишната Ринеса, од четвртокот не е вратена дома

Редакција

(Галерија) Децата од малите групни домови направиле прекрасни уметнички фотографии, со купување ќе им помогнете

Редакција