Официјaлни податоци потврдуваат дека во Дебар во последното деноноќие регистриран е нов случај со Ковид-19, со што активни на болеста сега се 11 лица.
Со новопотврдениот случај вкупната бројка на заразени се зголеми на 62 лица, од нив две од Центар Жупа, кои беа и прводијагностицирани. Од нив 47 се излекувани, додека четворица починаа.
По повторното враќање на коронавирусот во Дебар, по цели педесет дена, кога беше дијагностициран кај жена од селото Долно Косоврасти, а два дена потоа и кај маж од Дебар, на 12 јуни беа регистрирани три, а на 17 јуни пет нови случаи.
Според полициската статистика во самоизолација моментно се педесеттина лица и врз сите нив редовно се вршат контроли. Зајакната полициска контрола има и низ градот.
Како што оцени градоначалникот Хекуран Дука, кој раководи и со општинскиот Оперативен штаб, враќањето на опасниот вирус е последица на олеснителните мерки и непочитувањето на препораките за заштита од страна на граѓаните.
-Апелираме до граѓаните состојбата сериозно да се разбере, дека Ковид-19 во нашиот град е присутен. Според оценката на стручните лица се очекува да има нов понагласен бран со нови случаи на инифицирани со Ковид-19. Состојбата е под контрола, но внимателноста и почитувањето на препораките се неминовност за да се заштитме себе си и другите, порача Дука.
Имено, во рамки на договорените мерки и активности на Оперативен штаб за подигање на свеста од опасноста на коронавирусот и подоследно почитување на препораките за спречување на неговото ширење, на деловни објекти и други институции низ градот поставен е пропаганден материјал.
МИА/Фото: Општина Дебар
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Двајца новозаболени од Ковид-19 во Велес, еден оздравен
Двајца новозаболени, двајца починати и еден оздравен пациент од Ковид 19 во кумановско
Во сите скопски општини скокнала бројката на новозаразени со корона вирусот, Чаир на врвот со 306