еМагазин
Image default
Македонија

Во Дебар се намалува бројот на активни случаи со Ковид-19, во Инфективното одделение хоспитализирани 13 пациенти

Во Дебар се намалува бројот на активните случаи со Ковид-19, откако и денеска во списокот на оздравени се внесени 20 лица, а нема новозаразени.

-Од минатиот понеделник до денес регистрани се 36 нови сучаи, најмногу во петокот, 22 и минатиот вторник – 10 случаи. Во списокот на оздравени се внесени 64 лица, најмногу во средата или 22 и денеска 20, потврдуваат надлежните.

Во општина Дебар, вклучително и општина Центар Жупа, кои беа првото жариште на болеста, вкупната бројка на оздравени изнесува 741, починале над 30 лица, додека активни на болеста се 88, од нив повеќето се лекуваат во домашни услови.

Како што потврдуваат од Општата болница со проширена дејност во Дебар, во Инфективното одделение хоспитализирани се 13 пациенти, сите на кислородна поддршка, што е речиси константна бројка во последните две недели, додека амбулантски се лекуваат во просек по 10 до 15 паценти дневно.

Потешките случаи се транспортираат во здравствени установи во Скопје, каде моментно се сместени неколку ковид пациенти.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До сега попишани вкупно 1.383.434 лица, 431.573 домаќинства и 595.754 станови

Редакција

Јанева во анкетниот лист пријавила дека купила половно возило

Редакција

Нов статус на 1ТВ: Со име и презиме ќе ги објавиме лицата кои стојат позади тивката ликвидација на Бојан Јовановски

Редакција