еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

За Србите границата со Грција се отвара од 1 мај, за Македонците не се знае кога

По лекцијата за земјите од регионот кои не се членки на Европската Унија, „како и кога се набавуваат вакцини за Ковид-19“, Србите први се договорија и за отварање на границата со Грција.

Тоа е добра вест за сите Срби кои најмногу како и Македонците сакаат да летуваат во Грција, но и за лицата кои студираат таму, за лицата кои користат здравствени услуги кај нашиот јужен сосед, за бизнисмените, за тие што сакаат да работат таму или веќе работат, за тие што купиле имот таму… и секако тоа е одлична вест за туристичките агенции, кои се едни од најпогодените од пандемијата за Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од први мај, Србите ќе може да патуваат во Грција

Да, Грција и Србија традционално негуваат одлични односи, но тоа досега не помогна за да биде подигната рампата (ако се иземаат неколкуте денови кога беше отворена границата лани).

Затоа српските власти почнаа да преговараат навреме со грчките, уште од минатата година, од што произлезе Меморандумот за разбирање во услови на пандемија, кој го усогласија министрите за туризам на Србија и на Грција, Татјана Матиќ и Харис Теокарис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полесно до грчките плажи ако сте вакцинирани против Ковид-19

Со него Србите кои ќе се вакцинираат непречено ќе можат да патуваат во Грција, а невакцинираните ќе поминат низ „двостепена контрола“, односно за влез во земјата ќе им треба тест за Ковид-19, најверојатно ПЦР, а ќе бидат тестирани и по втор пат на грчката граница со брзи тестови.

Истиот приод Србите го имаат и за дестинации како Хрватска, Црна Гора, Египет…

Дека Грција оваа година ќе има две категории туристи – тие што се вакцинирани против Ковид-19 и оние кои не се, најави минатата година грчкиот министер Теокарис.

Во Македонија се уште не е почната вакцинацијата, а и нема никакви преговори од страна на нашите власти со грчките и покрај тоа што најголемиот дел од аранжманите кои ги нудат македонските агенции се токму во Грција.

А сите знаеме во каква состојба се агенциите, па затоа воопшто не е смешно што туристички агенции од Куманово решиле да прават „тури“ во „Лидил“ во Врање. Очигледно е дека владините мерки не им помагаат, па секој се снаоѓа како знае и умее.

Да не заборавиме и дека и Македонци имаат купено имот во Грција, Македонци студират таму, наши граѓани работат таму…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српски медиуми: Врање и „Лидл“ под „опасада“ на Македонците

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прескер: Македонците се добредојдени во Словенија, децениската соработка е доказ за тоа

Редакција

Цените на производителите на индустриски производи зголемени за 22% на годишно ниво

Редакција

Уште пред одлуката на Вселенската патријаршијата, постоеше дијалог меѓу црквите на Македонија и Србија, вели Вартоломеј

Редакција