еМагазин
Image default
Локално

Во Делчево приведена 44-годишна Бугарка по напад врз невенчаниот сопруг и неговите родители

Четириесет и четиригодишна Бугарка со привремено живеалиште во Делчево е приведена по напад врз нејзиниот невенчан сопруг. Настанот го потврдија од делчевската полиција од каде информираат дека веднаш по пријавата 44-годишната жена била задржана во полициската станица.

– На 16.03.2021 во 22.00 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево ја лишиле од слобода Б.Д.В.(44) од Република Бугарија, со привремено живеалиште во Делчево, бидејќи претходно со остар предмет се заканувала на нејзиниот невенчан сопруг и неговите родители.

Лицето е задржано во Полициската станица Делчево за понатамошна постапка, се вели со изјавата од полицијата во Делчево.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Неверојатен случај во Куманово: Тројца лихвари му зеле „камата“ од над 15.000 евра

Редакција

(Видео) Полицијата пронајде дрога кај наставник од Делчево

Редакција

Во Скопје 528 санкционирани возачи во текот на вчерашниот ден

Редакција