еМагазин
Image default
Македонија

Во Дојран има шест активни случаи на Ковид-19, во Гевгелија еден

Епидемиолошката состојба во општините Гевгелија, Богданци и Дојран, која е под контрола на Подрачната единица на Центарот за јавно здравје во Гевгелија е добра, оцени епидемиологот д-р Сашо Олумчев, кој вели дека до денеска во трите општини се регистрирани вкупно 19 позитивни на коронавирусот.

– Од регистрираните целосно се веќе оздравени 12 лица, а седум лица имаме се уште активни од кои шест во Дојран и едно лице во Гевгелија. Сите тие се во добра здравствена состојба и се лекуваат успешно.

Само еден пациент од Дојран се лекува на инфективното одделение во Струмица, но и тој е во стабилна здравствена состојба, рече д-р Олумчев.

Во Дојран, според него, се работело за семеен кластер во кој контактите на заболените се ставени во изолација.

– Случајот е импортиран од друг град и од тој кластер не очекувам натамошни проблеми, но не треба да се исклучи можноста во иднина да се јават други кластери, бидејќи Дојран е туристичко место кое за време на летната сезона и особено за претстојниот Илинденски викенд го посетуваат многу гости од земјава и странство, вели Олумчев.

Доколку продолжи непочитувањето на препораките од здравствените органи за заштита, особено од страна на младите кои поради несериозност или неверување дека токму тие може да се инфицираат, Олумчев во текот на есенскиот период очекува зголемување на бројот на заболени со симптоми на Ковид-19, поради што апелира на доследна примена на мерките за лична заштита од коронавирусот.

МИА/Фото: Општина Дојран

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вкупно импортирани 180 случаи на Ковид-19, последниот е пред неколку дена

Вкупно 640 здравствени работници се заразиле со Ковид-19, оздравеле 426

60% од хоспитализираните пациенти со Ковид-19 се со претходни заболувања

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 102 заразени со корона вирусот од 1.356 тестирања, најмногу во Скопје, Куманово и Штип

Редакција

Нема починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Редакција

Во Македонија активни седум пожари

Редакција