еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Во европските земји има над 8 милиони украински бегалци

Канцеларијата на Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) соопшти дека вкупно 8.249.055 украински бегалци пристигнале во европските земји од почетокот на руската инвазија врз Украина.

Според податоците на УНХЦР, само изминатата недела бројот на бегалци се зголемил за 8.766.

Во периодот од 24 февруари 2022 година до 23 мај 2023 година, дури 2.852.395 лица побарале засолниште во Русија.

Потоа следува Полска со 1.605.738, Германија, 1.061.623, Чешка, 520.234, Велика Британија, 204.700, Шпанија, 179.884, Италија, 175.107, Бугарија, 159.225, Романија,132.382…

– Дури 5.246.661 бегалец се вклучени во националните програми за привремена заштита и поддршка, наведува УНХЦР.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Црногорскиот министер за надворешни: За транзитот на Груевски низ Црна Гора ги известивме македонските власти, немавме правна основа да го задржиме

Редакција

(Видео) Заплената марихуана вредна 300.000 евра која потекнува од фабрика за производство на масло од канабис

Редакција

Цените на бензините и дизeлот остануваат исти, мазутот поевтинува

Редакција