Собранието денеска треба да ја продолжи 115. пленарна седница на која на дневен ред се останати триесетина точки, а меѓу нив се и законите поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10 д.
За четири од нив е завршена расправата и треба само да се гласа, додека денеска се очекува да започне дебата за измените и дополнувањата на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп– Битола), по скратена постапка.
Расправата е завршена за измените и дополнувањата на Законот за работни односи, на Законот за експропријација, на Законот за градење и на Законот за урбанистичко планирање.
МИА