еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Во Истанбул е убиен водачот на црногорскиот клан Шкаљар, Јован Вукотиќ кој имал и македонски пасош

Во Истанбул е убиен водачот на криминалниот клан Шкаљар, Јован Вукотиќ, кој беше во бегство и црногорските правосудни органи по него распишаа потерница пред една година.

Вукотиќ беше уапсен и во Туркије во септември 2018 година, кога беше екстрадиран во Србија. Тој беше осуден од Вишиот суд во Белград на 15 месеци затвор за користење фалсификуван македонски пасош со негова фотографија.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во април минатата година откри дека „за нарко-босот Вукотиќ, полицијата во Драчево изработила пасош со лажен идентитет, на име Георги Андонов“.

„Нарко-босот Вукотиќ, кој од МВР на Спасовски доби македонски пасош во Драчево (на име Георги Андонов), денес е убиен во Истанбул“, напиша пратеникот Антонио Милошоски на Фејсбук.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Објавен трејлерот од комедијата со Сашко Коцев и Јелена Јованова, „Нешто слатко“

Редакција

Најпознати цитати од Делчев: „Не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови“

Редакција

Што претставува озонотерапија која од денеска ќе се користи и кај нас за лекување на пациентите со корона вирусот

Редакција