еМагазин
Image default
Свет

Во Истанбул почнаа разговорите за продолжување на Договорот за извоз на жито

Турција, Русија, Украина и Обединетите нации денеска и утре во Истанбул ќе преговараат за продолжување на Договорот за извоз на житарки од пристаништата на Црното Море, соопшти Министерството за одбрана на Турција.

За време на средбата ќе се разговара за проширување на Црноморската иницијатива за жито, како и за развој на детален и безбеден план за враќање на трговските бродови и нивните екипажи закотвени во украинските пристаништа поради војната, јави Анадолија.

Претходно постигнатиот договор истекува на 18 мај.

Минатиот јули, во Истанбул беше потпишан Договор за обновување на извозот на жито од три украински пристаништа на Црното Море, по суспензијата на транспортот во февруари 2022 година, по избувнувањето на војната.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЗО: Укинувањето на рестриктивните мерки не значи крај на епидемијата во ниту една земја

Редакција

Под сомнение за присуство на коронавирусот, Германија одбила влез на 196.000 лица

Редакција

ОН: Милиони тони жито се заглавени во украинските пристаништа

Редакција