еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Уапсен таткото на масовниот убиец од Младеновац, за кој македонските медиуми објавија дека умрел

Српските медиуми објавија дека е уапсен таткото на масовниот убиец од Младеновац.

Како што соопшти српското МВР тој е осомничен за недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и експлозивни материјал.

При претрес на станот и други простории што ги користел во околината на Младеновац, полицијата пронашла и одзела две воени дозволи за пушка карабин со оптика и револвер, пиштол со две рамки, две оптики за ловечка пушка, револвер, неколку стотици парчиња муниција од различен калибар, како и рачно изработен уред со можност за активирање.

Поранешниот припадник на војската на Србија доби притвор во траење до 48 часа.

Пред неколку дена голем број македонски медиуми, без проверка на информацијата, објавија дека тој починал од срцев удар.

Неговиот син Урош Блажиќ пред неколку дена уби осум лица и рани десетина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Масовниот убиец од Младеновац киднапирал таксист, сакал да побегне во Крагуевац

Нова трагедија во Србија: 21-годишник уби осум лица, 15 се ранети 

Видео: Српско МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

43% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина против Ковид-19

Редакција

Суспендирани командирот и четворицата полицајци кои го спроведувале Беким Мемети, кој рани полицаец и избега

Редакција

Кој е Илир Демири, предлог на АА за министер за здравство на местото на Фатмир Меџити

Редакција