еМагазин
Image default
Македонија

Во Кичево два нови случаи на Ковид-19, едно лице почина

Два нови случаи со Ковид-19 има во Кичево, 12 се оздравени, а едно лице почина.

Вкупниот број на заразени со Ковид-19 во оваа општина достигна 268 лице, од кои 75 се активни, 182 се излекувани, а 11 лица се починати.

Ова денеска го истакна директорот на Општата болница и член на Општинскиот Кризен штаб во Кичево, Станко Трпески, кој рече дека денеска има намалување на бројот на активни случаи во градот.

Тој упати апел до граѓаните да ги почитуваат препораките од надлежните здравствени институции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Починаа седум лица од корона вирусот, вкупната бројка до сега изнесува 585

Убава вест: Оздравени 215 пациенти од корона вирусот, најмногу од Скопје и Штип

Нови 89 заболени со корона вирусот од 1.529 тестирања, најмногу во Скопје

МИА/Фото: Општина Кичево

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Со канти за ѓубре нападнати бугарски навивачи во скопски Чаир

Редакција

Според професорот Људмил Спасов со едностраната изјава за македонскиот јазик нема откажување од дијалектите

Редакција

Филипче: Се чека реакција на српското и бугарското министерство за здравство по што ќе се донесе одлука за границите

Редакција