еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 12 пациенти, а вкупно се лекуваaт 242

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 12 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

Вкупно 242 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

„Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 3 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 5 примени пациенти и 3 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 34 оздравени пациенти.

Во  ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 68 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 89 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 80 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај децата – Козле има 4 пациенти.

На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на Ковид-19 вирусот,“ се вели во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Оштетени две возила на лица од Основното јавно обвинителство и СВР- Штип

Редакција

Регистрирани 468 нови случаи на Ковид-19 од 4.295 тестирања

Редакција

Левица ќе поднесе иницијатива за забрана на бугарското здружение „Цар Борис III“

Редакција