еМагазин
Image default
Локално

(Фото) Бил полн со хартија: Изгоре камион кај Неготино

Изгоре камион утрово кај Неготино, за МИА потврди Иле Илиев, командир на неготинската Тероторијална противпожарна единица.

Пожарникарите со две противпожарни возила најбрзо што можат интервенирале на лице место.

– Дополнителна несреќна околност беше што камионот, со македонски регистарски ознаки, бил полн со хартија. Тоа допринело огнот кој првично се јавил кај моторот, уште повеќе да се разгори, појасни Илиев.

Причинета е материјална штета, а дополнително ќе се утврдуваат причините за пожарот и висината на материјалната штета.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Крушево очекува 3.000 гости за Велигденските празници

Редакција

Вчера имало 26 пожари низ Македонија, активни се три

Редакција

Приватните автобуси на „Слобода превоз“ утре нема да сообраќаат поради долг од ЈСП „Скопје“

Редакција