еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 17 пациенти, а вкупно се лекуваaт 257

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 17 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

Вкупно 257 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

„Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 5 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 6 нови приеми на пациенти и 3 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во Козле биле примени 3 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 21 оздравен пациент.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 30 пациенти, на Клиниката за неврологија 15 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 24 пациенти со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 74 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 86 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 27 пациенти.

На ГАК една хоспитализирана ковид позитивна пациентка,“ се вели во соопштението.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 100 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Техничка неисправност на македонскиот автобус кој изгоре во Бугарија или грешка на возачот, можни причини за несреќата

Редакција

Во ковид центрите низ Македонија се лекуваат вкупно 77 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19

Редакција

22 починати од Ковид-19, дополнително пријавени уште 12 лица

Редакција