еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 24 пациенти, а вкупно се лекуваaт 306

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 24 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

„Вкупно 306 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 11 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 9 нови приеми на пациенти  и 4 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во Козле не биле примени пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 34 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 28 пациенти, на Клиниката за неврологија 36 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 55 пациенти со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 76 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 92 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 16 пациенти.

На ГАК има 3 хоспитализирани ковид позитивни пациентки,“ се вели во соопштението.

Вкупно 323 пациенти потврдени и сомнителени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата ќе стипендира 50 странски студенти од Балканот со македонско потекло

Редакција

Пендаровски смета оти австрискиот амбасадор не ни се меша во внатрешните работи

Редакција

Сите документи со старото име на државата од 13 февруари 2024 година нема да важат

Редакција