еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 28 пациенти, а вкупно се лекуваат 505

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 28 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, информираат од Министерство за здравство.

„Вкупно 505 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 20 приеми и тоа четири пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија, четири во ковид центарот на Клниката за Неврологија, двајца пациенти на Институтот за ТБЦ, тројца на Клиниката за дерматовенерологија, двајца на Очната клиника и еден на Клиниката за гастроентерохептологија.

На ОРЛ се примени четири нови болни.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало шест нови приеми на пациенти.

На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се примени двајца болни. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 9 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 26 пациенти, на Клиниката за неврологија 34 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 49 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 26 пациенти, на Клиниката за очни болести 18 пациенти, а на ОРЛ 26 болни.

На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 25 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 113 болни, на Клиниката за инфективни болести лежи 151 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 пациенти.

Вкупно 505 пациенти потврден и сомнителн за Ковид-19 се лекува на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка,“ се вели во соопштението.

Во него се додава дека и покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 20 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија со владеење на правото е на исто ниво со Монголија, Казахстан, Индонезија и Молдавија

Редакција

Детален преглед на активни случаи со Ковид-19 по скопските општини: Аеродром „ита“ кон Чаир

Редакција

Како и Вие да помогнете: Црвениот крст со првична помош од 30.000 евра за жртвите од земјотресот во Албанија

Редакција