Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 68 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.
Вкупно 689 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
„Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 32 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 11 примени пациенти и 11 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.
Во Козле билe примени 3 нови болни, а 8 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 3 пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 64 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 286 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 139 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 147 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 пациенти.
На Клиниката за детски болести има 23 деца позитивни на Ковид-19 вирусот, а на ГАК има 5 позитивни пациентки.
На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 53 болни,“ се вели во соопштението.
Фото: МЗ