еМагазин
Image default
Македонија

Во Кривичен рочишта за „Тврдина 2“ и „Титаник“ на СЈО

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржат рочишта за „Титаник“ и „Тврдина 2“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Во „Тврдина 2“ првообвинет е екс-началникот на Петтата управа, Горан Грујовски, како и шест вработени во УБК. Минатата расправа беше одложена поради недоставената пресуда на Врховниот суд на Грција од страна на Министерството за правда.

На обвинетите во случајот „Тврдина 2“ им се суди за фалсификување службена исправа и за уништување службена документација поврзано со незаконското прислушување. Документацијата е поврзана со двата система од нелегалното прислушување, кои соред СЈО, биле уништени во текот на 2014 година.

Предметот „Титаник“ се наоѓа во доказна постапка и се презентираат материјални докази предложени од СЈО. Досега се презентирани околу 3.000 од 5.900 материјални докази.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сертификатот за прележан Ковид-19, наместо досегашните 45, ќе трае 180 дена

Редакција

На судењето за „Триста“ се изведуваа материјални докази

Редакција

„Македонците благодарни на Србија“: Српските медиуми за најавата дека српските граѓани нема да плаќаат патарина во Македонија летово

Редакција