еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Не е загрозено правото на здравствена заштита на граѓаните, уверуваат од Фондот за здравствено осигурување

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) соопшти дека правото на здравствена заштита на граѓаните не е загрозено, лекувањата, упатите за прегледите и боледувањата, издавањето на рецепти од страна на матичните лекари, како и издавањето на лекови на граѓаните, се одвива непречено и граѓаните без застој можат да ги користат овие здравствени услуги.

Усогласени се и решенија за остварување на правото на итни ортопедски помагала заедно со ортопедските куќи.

– Подрачните служби на Фондот во континуитет ги примаат барањата. Покрај ова, подрачните служби се достапни и телефонски преку јавно објавени линии за информации за осигурениците, на кои истите можат да се обратат и да добијат информации во врска со сите решенија кои се усогласени со матичните лекари, а преку кои осигурениците можат да ја остварат здравствената заштита.

Техничките тимови работат на најбрзо можно враќање во функција на системот за исплата на плати на здравствените работници, како би се запазиле законските рокови за исплата, како и за другите форми на исплата, односно боледувањата, породилното и рефундациите, се наведува во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За ПЦР-тестови во приватното здравство граѓаните потрошиле околу 20 милиони евра, откриваат државните ревизори

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обезбедени дополнителни 140 милиони денари за лекот „трикафта“ за пациентите со цистична фиброза

Редакција

(Галерија) Познати дами се вклучија во зголемување на свеста за борба против рак на дојка: Погледни зад градникот!

Редакција

Само во Македонија: Двајца поранешни директори на УБК во притвор

Редакција