еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Поништен повикот за субвенции за нови авиолинии

Поништен е повикот за субвенционирани летови од двата аеродрома во државава и ќе биде распишан нов.

Комисијата за евалуација на понудите што на повикот ги доставија авиокомпаниите „Виз ер“, „Луфтханза“ и „Ејџиан ерлајнс“ констатирала дека не ја доставиле пропишаната комплетна документација и го поништила повикот.

-Од страна на Комисија составена од членови од неколку државни институции се изврши евалуација на доставените понуди и притоа Комисијата констатира дека авиокомпаниите не ја доставиле комплетната документација пропишана во условите од јавниот повик.

Согласно тоа, Комисијата донесе одлука за поништување на јавниот повик, соопшти Министерството за транспорт и врски.

Оттаму очекуваат во најбрз врменски период Комисијата да распише нов јавен повик за финансиска поддршка за нови авиолинии за период 2023-2025 година.

Најавуваат дека јавниот повик ќе се објави во согласност со политиките на фер и конкурентски услови согласно регулативата на Европска унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Виз ер“, „Луфтханза“ и „Егеан“ се јавиле на тендерот за субвенции за нови летови

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заменик-градоначалничката на Град Скопје, Абази поднесе оставка

Редакција

Поништен тендерот за набавка на 31 респираторна машина

Редакција

„Брако“ стартува со нова производствена програма: 450 тона метални конструкции годишно ќе се испорачуваат во Австрија

Редакција