еМагазин
Image default
Македонија

Во Куманово се степале двајца нови советници во Советот на општината

Во Куманово се степале двајца нови советници во Советот на општината.

Станува збор за Реџеп Реџеповски од независната листа „За наше Куманово“ на Максим Димитриевски и Самет Салиевски од СДСМ.

Тепачката ја потврдија и од МВР, каде и двајцата пријавиле за физички напад.

„На 23.10.2021 година во 14.15 часот во СВР Куманово Р.Р. пријавил дека во населбата Средорек бил физички нападнат од С.С. и неговиот татко.

Истиот ден во 14.17 часот С.С. пријавил дека бил физички нападнат од Р.Р. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираа од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Регистрирани 485 прекршоци за неносење на маски

Редакција

ЕКСКЛУЗИВНО: На Криволак, Македонија ќе произведува своја вакцина против Ковид-19

Редакција

Осуда за нападатот на новинарката на Канал 5 од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и новинарските здруженија

Редакција