еМагазин
Image default
Македонија

Во Леуново изгоре викендица во сопственост на семејството на Миле Зечевиќ, додека тој бил во неа

Изгоре викенд куќа во селото Леуново. Во пожарот кој избувнал утрово, нема повредени.

Причините за опожарувањето ќе се испитуваат наверојатно утре, првично станува збор за дефект на оџак.

Од СВР Тетово потврдуваат дека утрово околу 6 часот, скопјанецот М.З. (51) пријавил дека во викендичката во која престојувал, инаку сопственост на неговата мајка избувнал пожар.

Набрзо по пријавувањето интервенирала екипа на противпожарната единица од Гостивар и која го локализирала огнот.

Причините за настанувањето ќе се бараат и утврдуваат по увидот кој ќе се изврши откако ќе се обезбедат услови.

Повеќе медиуми јавија дека станува збор за викендица во сопственост на мајката на генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ.

МИА/еМагазин/фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во ковид центрите во Скопје хоспитализрани 19 нови пациенти поради компликации од Ковид-19

Редакција

Пад од 55,9%: Минатата недела од Ковид-19 починале 15 лица

Редакција

(Галерија) Сите насмеани на Централниот одбор во штабот на СДСМ, основано или не

Редакција