еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Безбедносните сили во Мјанмар досега убија повеќе од 500 цивили, меѓу кои има и деца

Безбедносните сили во Мјанмар убија повеќе од 500 цивили, помеѓу кои голем број студенти и адолесценти од 1 февруари, кога армијата ја презеде власта во земјата, соопшти денеска Асоцијацијата за помош на политичките затвореници.

– Потврдивме 510 загинати лица. Но, најверојатно нивниот број е многу поголем, наведе Асоцијацијата.

Исто така стотици луѓе се водат како исчезнати. Само на протестите во саботата загинаа 114 луѓе, меѓу кои и седум малолетни лица. И покрај репресијата, демонстрантите и вчера протестираа, а настрадаа 14 цивили во источниот дел на економскиот центар на Мјанмар, Јангон.

МИА/Фото: Photo by ev on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Адора Инженеринг“ е купувачот на 4.636 акции од Комерцијална банка за кои плати 456.000 евра

Редакција

Охрид полн во шпицот на летната туристичка сезона

Редакција

Втор човек во светот излекуван од ХИВ

Редакција