еМагазин
Image default
Бизнис

Во мај индустриското производство во мај поголемо за 16,5%

Индустриското производство во мај годинава во однос на мај лани е поголемо за 16.5 отсто, а кумулативно во првите пет месеци од 2021 во споредба со истиот период од 2020 бележи раст од шест проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2021 година, во однос на мај 2020 година, бележи опаѓање од 12.0%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 27.2%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 27.9%.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во мај 2021 година, во однос на мај 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 34.0%, Капитални производи за 44.0%, Трајни производи за широка потрошувачка за 61.0% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 11.6%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 43.5%.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За членовите на НО на Жито лукс месечен надоместок од 300 евра

Редакција

Без јавна расправа се „крчка“ нов Закон за данок на моторни возила

Редакција

„Бетон-Штип“ во загуба од 14,4 милиони денари

Редакција