еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во Македонија не е дијагностициран делта плус сојот на Ковид-19

Четириесет и осум пациенти се испитаа од дијагностицираните во изминатите две-три недели и кај ниту еден не е дијагностициран делта плус сојот на вирусот, кој прави голем број случаи и хоспитализации во сите околни земји. Што значи дека не може да го запреме тој сој на вирусот да влезе во земјата, истакна вечерва министерот за здравство Венко Филипче, пред состанокот со претставниците на Сојузот на синдикатите на Македонија и на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита во врска со мерките кои ги предложи Комисијата за заразни болести.

Соочени сме, посочи министерот, со огромен ризик во периодот што следи да имаме нов силен бран и тоа сериозно да ги загрози капацитетите во нашите болници.

-И сега гледаме и од примерите во околните земји дека се хоспитализираат невакцинирани пациенти, што значи дека сега е вистински период граѓаните да сфатат колку е ова битно, сите чинители да дадат поддршка во овој процес за да за што пократко време се вакцинираат што поголем број граѓани за да избегнеме силно оптоварување на болниците, додаде Филипче.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР склучи договор со Три-М Трејд вреден 512,1 илјади евра

Редакција

Заев денеска ќе поднесе оставка од премиерската функција, ќе го наследи Димитар Ковачевски

Редакција

Украина ги отфрлила преговорите, Путин дал наредба армијата да продолжи со нападите и да напредува по копнен пат

Редакција