еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Јанакиески останува на слобода, одбиен предлогот за притвор за настаните од 27. април

Кривичниот совет при Основниот Кривичен суд Скопје го одби како неоснован предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор за обвинетиот Миле Јанакиески, поврзан со настаните од 27. април.

Според Советот, во новиот предлог не биле понудени доволно аргументи кои ќе го поткрепат определувањето на построги мерки.

– Обвинителството денеска поднесе предлогот за определување мерка притвор за предметот со КОК 2/20 поврзан со настаните од 27 – ми април, а Кривичниот совет, при одлучувањето, ја имаше во предвид одлуката на второстепниот, а воедно смета и дека во новиот предлог не беа понудени доволно аргументи кои ќе го поткрепат определувањето на построги мерки од они кои веќе опстојуваат против обвинетиот, стои во соопштението од Кривичен.

Апелационскиот суд, во четвртокот ја укина мерката куќен притвор на обвинетиот во повеќе судски предмети, Јанакиески, и ја замени со мерка претпазливост, по што, како што информираат од Основен Кривичен суд – Скопје, денеска, Обвинителството поднело предлогот за определување мерка притвор за предметот со поврзан со настаните од 27. април.

Јанакиески е обвинет во повеќе предмети, помеѓу кои „Т.Н.Т.“, „Титаник“, „Талир“, „Топлик“, „Траекторија“ и „Шпански скали“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По укинување на притворот на Јанакиески за ТНТ, Обвинителство ќе бара нов за случајот со настаните од 27 април

Скопска апелација му го укина куќниот притвор на Јанакиески, ја заменува со мерка претпазливост

МИА/Фото: Јанакиески/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Иновативните политики покренуваат значајни промени: Одржана конференција „ReThink: Учиме од Шведска“

Редакција

Дојави за бомби и во училишта во Скопје

Редакција

„Марковски компани“ го доби тендерот на ЕСМ за ископ на јаловина во РЕК Битола вреден 5,5 милиони евра

Редакција