еМагазин
Image default
Бизнис

Во март зголемен бројот на туристи за 14.9%

Во март годинава во земјава се регистрирани 47.490 туристи, од кои 32.5% се домашни туристи, а 67.5% се странски, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на ноќевањата во март изнесува 94.985, од кои 36.4% се од домашните туристи, а 63.6% од странските туристи.

Во периодот јануари – март 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 14.9%. Кај домашните туристи има намалување за 7.4%, а кај странските зголемување за 35.1%.

Во првиот квартал година во однос на лани е зголемен и бројот на ноќевањата за 6.3%. Кај домашните туристи има намалување за 6.8%, а кај странските зголемување за 18.9%.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пораст на прометот на Македонската берза во јануари

Редакција

За 48.000 евра продаден блок акции од „Алкалоид“

Редакција

„Тетекс“ ќе дели дивиденда во бруто-износ од 72,2 денари за акција

Редакција