еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во нашава земја само успехот не се простува, вели разрешениот директор на Кардиохирургија, Јовев

На Универзитетската клиника за државна кардиохирургија нема нерегуларности. Ова го истакна денеска на прес конференција, професор доктор Сашко Јовев, повикувајќи да се преиспита одлуката за негово разрешување.

Во нашава земја само успехот не се простува, рече тој, нагласувајќи дека неговиот тим е постојано на клиниката, вистински мултиетнички колектив.

Јовев додаде дека Универзитетската клиника за државна кардиохирургија под негово водство, во последните осум години, „создаде ултрамодерна клиника што ги работи сите можни процедури во кардиохирургија, што се работат во најреномирани светски клиники“. Тој рече дека овде се излечени многу, многу пациенти.

– Во животот постојат два начина на однесување, или да се работи, создава, учи и оди напред, или да се гази по сето тоа. Цврсто стоиме на ставот дека тимот кој победува не се менува, нагласи Јовев.

Тој апелираше да се остави политиката на страна.

– Да ги оставиме професионалците да си ја вршат својата работа. Успесите на оваа клиника се успеси на државата и на Министерството за здравство, порача тој, нагласувајќи дека со оперирање овде, државата заштедува.

Тој додаде дека оваа земја се уште има и ќе има одлични доктори, кои ја сакаат својата земја и ќе работат неуморно за своите сограѓани.

– Ве молам да не ги бркаме и разочаруваме, рече Јовев, барајќи правдата да победи.

Правникот Мите Михајловски изјави дека решението е навистина „навреда за здравјето на сите нас“.

– Во решението стои дека за 2022 година има исплатни листи за дежурства, а дежурството не го одобрил министерот за здравство. Замислете некој доаѓа со итна потреба на клиниката, да му рече портирот, „извинете, немаме согласност од министерот, дојдете утре“.

Само тоа е причината, само дежурството. Вчера чувме на телевизија дека којзнае какви злоупотреби имало од страна на професорот Јовев. Значи, единствена причина е дежурството. Јас како правник поставувам прашање – како може оваа клиника да нема дежурство? Не може.

Значи, злоупотреба е од министерот ако не дал согласност да се организира дежурството. Така што, апсолутно нема никаква причина за разрешување и ова од далеку се гледа дека нема повреда, туку е друго нешто во позадина, додаде Михајловски.

Прашан дали ќе поведе постапка, Михајловски најави тужба.

Јовев, денеска доби поддршка и од здравствени работници и од пациенти, кои се собраа пред Универзитетската клиника за државна кардиохирургија.

Сашко Јанкуловски од Скопје, трансплантиран, петта операција, рече дека благодарение на докторот и неговиот тим, бил даден нов живот на сите лица што имале трансплантација.

Љупка Спасовска од Скопје истакна дека не сакаат да го изгубиме стручњакот којшто перфектно си ја обавува својата работа.

– Пред една година имав тешка операција на Кардиохирургија, дојдов во последен момент како тежок случај. Благодарение на способноста на професорот и неговиот тим со силна и тешка операција фала му на Господ преживеав, еве живеам и се надевам дека и понатаму ќе живеам. Многу сум задоволен од односот на професорот, посочи Љупчо Ангеловски од Куманово, изјави еден од пациентите на Кардиохирургија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Разрешен директорот на Универзитетската клиника за кардиохирургија, министерот Меџити вели дека нема политика во одлуката

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Владата ниту потврдуваат, ниту демантираат дека телевизиска презентерка е назначена за конзул во Њујорк

Редакција

Што знаеме за новата опасна варијанта на коронавирусот – омикрон, кој има најмногу мутации досега

Редакција

Димитров: Со Коѕијас постигнавме нешто што беше невозможно

Редакција