еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во полициска акција „Бегалец“ уапсени синовите на убиениот Дилавер Бојку – Леку

Ербен Бојку и Бесник Бојку, синови на Дилавер Бојку, се уапсени синоќа во полициска акција „Бегалец“, објави МКД.мк.

Полициски специјалци во соработка со полциски службеници од Одделот за потраги пред 22 часот ги пресретнале браќата на регионалниот пат Струга – Дебар на влезот на село Велешта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детали од МВР за апсењето на синовите на Дилавер Бојку – Леку

Според порталот и двајцата носеле пиштоли, а биле фатени откако биле опколени со возила од полициските службеници.

Ербен Бојку се бараше по неколку централни и една меѓународна потерница за убиство, нелегална трговија со оружје и други кривични дела, а Бесник Бојку според порталот е приведен поради поседување на оружје.

Дилавер Бојку – Леку, беше познат осуденик за нелегална проституција во селото Велешта, Струшко, кој во август, 2017 година беше убиен со куршум во глава на плажа во Струга пред неговата кафеана.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пратениците во клинч околу новиот директор на ОТА и главниот државен ревизор

Редакција

Ел Чека до премиерот Заев: Кога ќе му се јавиш на Трамп осигурај се дека ќе биде тој!

Редакција

И екс-министерот Јанакиески отиде во самоизолација

Редакција