По несреќа на автопатот на влезот од Варшава, Полска, вчера почина Д-р Емилија Котеска Аврамчева (72), потврдија од македонската Амбасада во Полска.
Како што пренесуваат полските медиуми, несреќата се случила завчера кај крстосницата Опач-Колонија, во правец кон Варшава. Таа го запрела својот автомобил на итната лента и излегла од возилото, по што била удрена од автобус или комбе што се движело по патот.
По несреќата била пренесена во болница, но и покрај напорите на лекарите, им подлегнала на повредите.

Котеска Аврамчева важеше за еден од столбовите на македонската заедница во Полска. Беше активно вклучена во зачувувањето и промовирањето на македонскиот идентитет меѓу дијаспората.
Полските органи ги истражуваат причините за несреќата.
Фото: Фејсбук/Унсплеш













