Турција ја пушти во употреба последната делница од метро линијата М11 од Халкали до Аеродромот Истанбул.
Со тоа е комплетирана најдолгата и најбрза метро линија во земјата, долга 69 километри.
Со линијата Истанбул добива директна железничка врска со западните делови на градот и со деловниот центар Гајретепе.
Времето на патување меѓу Халкали и аеродромот ќе биде околу 30 минути, а е проектирана за брзина до 120 километри на час и ќе биде една од најбрзите урбани железници во Европа.
Фото/видео: Фејсбук/Ердоган














