еМагазин
Македонија

Во Прилеп втор случај на наставничка позитивна на корона-вирусот

Уште една наставничка во прилепско е позитивна на коронавирусот.

Како што информира, советничката за образование во прилепската локална самоуправа, Каролина Николоска, позитивна на коронавирусот е наставничка од Основното училиште „Кирил и Методиј“ од прилепското село Канатларци и во самоизолација се осум ученици од петто и од шесто одделение.

Во самоизолација се уште тројца наставници од подрачното училиште во село Подмол, кои биле во контакт со неа.

Ова е втор случај во прилепското основно образование. Претходно поради наставничка позитивна на корона-вирусот во основното училиште „Климент Охридски“ во Прилеп, 20 ученици од второ одделение се во изолација.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поради корона вирусот затворена една прилепска градинка, вкупно 35 деца се во изолација

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски: Реално немаме ресурси да покриеме кризна состојба на цела територија

Редакција

Деспотовски и Ременски остануваат партиски соработници на Ковачевски

Редакција

Обвинетиот Игор Југ во сведочење за „27 април“: Ме гонат тие што им вршев работа

Редакција