еМагазин
Image default
Македонија

Вработена во Мал групен дом во Кавадарци позитивна на Ковид-19

Една вработена во Мал групен дом во Кавадарци  е позитивна на коронавирусот, поради што во изолација се две деца и тројца вработени. Во домот ќе биде извршена комплетна дезинфекција.

Во последните 24 часа се регистрирани нови девет случаи со коронавирусот, шест во Кавадарци и три во Неготино. Тие се на возраст од 16 до 62 години, од двата пола.

Некои имале симптоми, а некои не. Двајца претходно имале контакт со заболено лице, останатите не знаеле каде се заразиле. Се утврдуваат контактите на заболените, со цел нивна изолација.

Во Кавадарци е регистриран и трет случај на починато лице со коронавирусот. Во најновиот случај станува збор за 56 годишен кавадарчанец кој починал на приватна клиника во Скопје.

МИА

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 101 случаи на Ковид-19 од 1.299 тестирања, бројката на активни е 5.775

Редакција

„И да пукате тешка артилерија, промената започна и нема да запре,“ вели Таравари за пронајдениот куршум во неговиот двор

Редакција

Цела Македонија е 4 фаза, подниво 3: Проценка за ширење на Ковид-19

Редакција