еМагазин
Image default
Бизнис

Во првите два месеци извозот пораснал за 4,6%, а увозот се намалил за 6,5%

Вкупната вредност на извозот на стоки од државава во периодот јануари − февруари годинава изнесува 1.441.998.000 долари и бележи пораст од 4,6 проценти во однос на истиот период лани.

Вредноста на увeзената стока, во истиот период, пак, изнесува 1.898.200.000 долари, што е за 6,5 проценти помалку во споредба со првите два месеци од минатата година.

Како што објави денеска Државниот завод за статистика, трговскиот дефицит, во периодот јануари – февруари годинава изнесува  456.203.000 долари.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, електричната енергија и плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени.

Во увозот, пак, најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.

Во периодот јануари − февруари  годинава според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, најмногу сме тргувале со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Виз ер и ТАВ Македонија најавуваат експанзија со нови авиолинии и шести авион во базата на Скопскиот аеродром

Редакција

(Галерија) Кои се најуспешните албански компании во Македонија?

Редакција

Поради голем интерес: Објавен втор повик за субвенции за печки на пелети

Редакција