еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Во првите два месеци од годинава во Македонија има нови 88 фотонапонски електроцентрали

Во првите два месеци од годинава во државата има нови 88 фотонапонски електроцентрали со моќност од 29 MW за производство на електрична енергија од обновливи извори кои се стекнаа со лиценци за работа од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Од РКЕ информираат дека доколку кумулативно се анализираат бројките, од кога се регистрира тренд на зголемен интерес за инвестиции во обновливи извори, за само 14 месеци Комисијата има издадено лиценци за 355 фотонапонски централи, со чија вкупна инсталирана моќност може да се задоволат потребите за електрична енергија на домаќинствата со просечна потрошувачка од осум градови низ државава.

-Сведоци сте дека интересот за изградба на фотонапонски централи рапидно се зголемува од месец во месец. Последните податоци заклучно со февруари покажуваат дека за само 14 месеци, од 1 јануари 2022 до 28 февруари 2023, во земјава има нови фотонапонски централи со инсталиран вкупен капацитет од 181.2 MW од обновливи што можат да ги задоволат потребите на 72.500 домаќинства кои имаат просечна потрошувачка на електрична енергија, изјави претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимоски.

Тој додава дека со овие капацитети од обновливи извори на енергија може да се задоволат потребите на домаќинства од осум градови: Охрид, Тетово, Кратово, Крушево, Крива Паланка, Св Николе, Ресен и Дојран.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев поднесе оставка од премиерската и лидерската позиција во СДСМ

Редакција

Груевски: Ниту сум организирал, ниту сум дал согласност некој да организира насилен упад во Собранието

Редакција

(ВИДЕО) Како ќе изгледа новиот мост помеѓу населбите Карпош 4 и Злокуќани

Редакција