еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Во Пустец каде живеат само Македонци, денеска нема да се отвара бугарски клуб, ќе чека регистрација 

Во Пустец, Мала Преспа, денеска нема да се случи отворање на бугарски културен клуб, најавено од бугарската Фондација Македонија.

Од Фондацијата доцна синоќа на Фејсбук објавија дека ќе чекаат регистрација на клубот во албанските надлежни институции, па потоа ќе организирале свечено отворање.

– Поради одложена регистрација на Бугарскиот културен клуб утре го откажуваме свеченото отворање, но заедно во 13 часот ќе го прославиме 24 мај, денот на бугарската писменост, стои меѓу другото во објавата.

Претходно, градоначалникот на оваа единствена македонска општина во Албанија, Пали Колефски, за МИА изјави дека нема издадена дозвола за отворање на клубот.

– Нема дозвола од надлежните албански институции за отворање бугарски културен клуб. Ова го прават со цел да им се даде публицитет. Повеќе од очигледно е дека е провокација кон Македонија, рече Колефски.

Додаде дека пред околу осум месеци момче од Пустец студент во Бугарија изнајмил под кирија простор во приватен објект.

Тој побара да не им се дава внимание на овие провокации.

– Ние знаеме што сме, Македонци и тоа не може да го смени никој, а најмалку неколкумина кои за личен интерес си го продаваат најсветото-македонскиот идентитет, посочи Колефски во вчерашната изјава.

За оваа најава, навремено  биле информирани надлежните служби во округот Корча, каде територијално припаѓа Општина Пустец.

МИА/Фото: Колефски/Фејсбук/Општина Пустец

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Кој дојде во Тиквеш кај Свето на младо вино

Редакција

Детален преглед: Најмалку се вложува во заштита на воздухот од загадување

Редакција

Став на македонистите за едностраната изјава на Македонија: Грубо фалсификување на лингвистичките факти и на проучувањата на македонскиот јазик

Редакција